Малком и даде гол на Рома, „Волчицата“ со пресврт забележа победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона и Рома одиграа возбудлив меч во Тексас со дури шест погодоци. Гол серијата беше отворена веќе во 5. минута Рафиња имаше двојно проигрување со Мунир и погоди за 1-0 на Барса. „Волчицата“ изедначи во 34. минута. Клајверт одличнo продре по десната страна и му асистираше на Ел Шарави за 1-1.

„Каталонците“ се вратија во водство на стартот од вториот дел, новајлијата Малком го постигна својот прв гол за Барса против Рома, клубот за кого требаше да потпише во прв момент но се предомисли откако во последен момент доби понуда од шпанскиот гигант.

Бразилецот доби топка на втората статива и само постави нога за 2-1 во 49. минута. Потоа следуваше голем пресврт во финишот од мечот. Најпрво Флоренци изедначи на 2-2 во 78. минута, Кристане реализираше за 2-3 во 83. минута а точка на натпреварот стави Пероти во 86. минута од пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×