Малерозниот Кејн го загуби и петтото финале, напаѓачот никако да освои трофеј

by bojan
2 минути читање
Кејн

Хари Кејн никако да освои трофеј, напаѓачот и денеска остана со празни раце откако Шпанија со 2-1 ја совлада Англија во финалето на Европското првенство.

Хари Кејн важи за малерозен фудбалер, во својата кариера нема освоено ниту еден трофеј.

Напаѓачот и денеска остана со празни раце откако Шпанија со 2-1 ја совладаа Англија во финалето на ЕВРО 2024.

За Англичанецот ова беше петто финале, во дресот на Тотнем загуби две финалиња во Лига Купот, против Челси во 2014/15 и против Манчестер Сити во 2020/21, и едно финале во Лигата на шампиони против Ливерпул во 2018/19.

Со „трите лава“, покрај вечерашното финале, го загуби и тоа пред три години, кога на Вембли беа поразени од Италија на ЕВРО 2020.

Се очекуваше дека конечно ќе се израдува на првиот трофеј кога направи богат трансфер во Баерн Минхен, но и тоа не се случи.

Баер Леверкузен имаше сезона за паметење и ја освои Бундеслигата и Купот на Германија.

Во Лигата на шампиони, Реал Мадрид беше подобар од „баварците“ во полуфиналети и потоа стигна до трофејот во најелитното европско натпреварување.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани