Малдини го промени спортот, стана тенисер, но не помина најдобро на своето професионално деби (ФОТО)

by
1 минути читање

Легендарниот дефанзивец играше во двојки со неговиот тренер и пријател Стефано Ландонио на АТП Челинџер за кој добија вајлд-карти.

Но загубија убедливо со 6-1 и 6-1 од Холанѓанецот Давид Пел и Полјакот Тoмаш Беднарек.

Откако се пензионираше од професионалниот фудбал, Малдини својата форма ја одржува со мал фудбал, бокс и тенис. Неговиот прв професионален меч како тенисер помина неславно, останува да видиме дали Италијанецот ќе има уште некој обид на турнирите.

„Тенисот ми е пасија, не мислам дека ќе биде нешто посериозно. Играв професионален фудбал многу години“ – вели Малдини.

Неговото тениско деби привлече околу 1000 гледачи на трибините а меѓу нив беа и Кларенс Сидорф и Џузепе Бергоми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани