По вчерашната победа на гостувањето кај Селта во заостанатиот натпревар,
Реал Мадрид изби на првото место на табелата со три бода повеќе од Барселона и
направи значаен чекор кон титулата
Последна пречка е екипата на Малага, популарните „Албиселестес“ можат да го
срушат шампионскиот сон на „Кралевите“.
Но тешко е за верување дека ќе се случи ова, покрај тоа што домаќините не
се борат за ништо, а и на клупата го имаат Мичел кој во неколку наврати гордо
истакна дека „Мадридиста“, Малага ќе има
и финансиска причина да не победи.
Клубот од Ла Росаледа ќе добие 1 милион евра ако Раел Мадрид стане шампион
на Шпанија.
Ова се должи на трансферот на Иско од 2013.
Шпанецот се пресели на Бернабеу во зделка вредна 27 милиони евра, како и
додатни бонуси од 3 милиони, односно 1 милион евра за освоена титула во
следните пет години.