Макси Лопез објасни зошто Мауро Икарди не добива повик од Аргентина

by
3 минути читање

Добро е познат
љубовниот триаголник помеѓу Макси Лопез, Ванда Нара и Мауро Икарди и
предавството кое голгетерот на Интер му го направи на својот сонародник и добар
пријател.

Се верува дека
токму ова е причината поради која Мауро Икарди никако да заигра за репрезентацијата на
Аргентина и покрај тоа што игра во одлична голгетерска форма за
„Нероаѕурите“.

Медиумите
шпекулираат дека постарите играчи, особено Лео Меси, се лојални кон Макси Лопез
и не сакаат да го видат напаѓот на Интер во националниот тим.

Ваквите гласини
добија на интензитет откако на социјалните мрежи се појави слика од Макси Лопез
заедно со Лео Меси, Хавиер Маскерано и Андрес Иниеста направена при
минатонеделното гостување на „Каталонците“ во Торино.

Во разговор со
Тик Спортс, Макси Лопез сега даде свое видување на целата ситуација.

„Има причини
поради кои тој не добива повик
– вели фудбалерот на Торино.

„Светот на
фудбалот е љубоморен кога одреде играч привлекува огромно влијание надвор од
теренот. Спортот има правила, и кога ќе направиш грешка, ќе платш за тоа
.

„Со задоволство
би имал приватен разговор со Икарди, но никогаш не ми било дозволено тоа.
Секогаш во средина ги ставаат моите деца
.


За сликата која
се појави на социјалните мрежи со триото од Барса, Макси Лопез вели: „Тоа е
масло на мојата поранешна сопруга. Само јас и Ванда Нара ја имавме сликата.
Никој друг
.

„Речиси 10 години
не сум разговарал со Меси и Маскерано
.

Во интервју
дадено минатата недела, Макси Лопез откри дека на барање на Ванда Нара „фаќал
врски“ за неговиот син Валентино да се сретне со ѕвездите на Барса, но на крајот таа се предомислила и не го пуштила младото момче да отпатува за
Торино со образложение дека тој ништо не договорил.

Па напаѓачот како доказ дека се било договорено и ја испратил сликата која тој ја направил со фудбалерите на Барса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани