„Мирор“ пишува
дека Арсен Венгер имал средба со бекот Ектор Бељерин на која се обидел да го
убеди да остане во клубот, односно да го занемари интересот на Барселона.
Бељерин се чини
дека е желба број „1“ за каталонскиот гигант ова лето, и покрај тоа што тој
пред извесен период потпиша нов договор кој го обврзува на долгогодишна
соработка со тимот од Лондон.
Сепак, „Дејли
Мејл“ пренесува пак дека Венгер на средбата со Шпанецот уште еднаш ги докажал своите
преговарачки способности, па отфрла било каква потреба од загриженост кај
фановите на Арсенал кои имаа можност конечно да се израдуваат на голем трансфер по подолг период.
Арсенал нема да
запре со Лаказет, наводно премиерлигашот е сега со мислите во фудбалерот од
средниот ред на францускиот шампион Монако, 21 годишниот Томас Лемар, за кого
постои интерес од Арсен Венгер подолг период.
Првичната понуда
од 30 милиони евра која Арсенал ја испрати минатиот месец беше одбиена од
Монако, останува отворено прашањето дали тимот од Лондон ќе оди до крај и во
оваа трансфер цел.
Тука не запираат
маките на Венгер кој се чини дека го прифати предизвикот на фановите на Арсенал
кои бараат трофеи од нивниот омилен клуб, па често Французинот беше мета на
критики.
Истовремено,
клубот прави и напори да ги задржи во своите редови Месут Озил и Алексис
Санчез, кои се од големо значење за тимот, па денес се појави шпекулација во
која се вели дека Санчез наводно го условил Венгер, веќе се познати и деталите.