267
Прболемите на Шкупи поради ВАР системот продолжуваат и во вториот натпревар кој треба сезонава да го играат на домашен терен. Откако службено го загубија натпреварот со Силекс сега немаат терен и за дуелот со Вардар.
Од управата на клубот информираат дека се бара алтернативен терен за одигрување на мечот, а како најреална опција во моментов се споменува стадионoт во Тетово, иако конечна одлука сè уште нема.
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврдија дека Шкупи е во процес на регулирање на системот ВАР, па доколку сè биде подготвено навреме, постои можност наредниот натпревар на домашен терен Шкупи да го користи теренот во Чаир.