884
Ријека слави во дуелот со Истра (1-0) и се пласира во финалето на Купот на Хрватска со голот на Фрук во завршницата.
На овој натпревар на клупата за резерви остана Јован Манев. Македонскиот репрезентативен стопер беше дел од ротацијата на Ријека, ама не доби шанса. Манев ќе има можност да се надева за настап во финалето на ова натпреварување.
Во борбата за трофејот ќе има двајца Македонци, бидејќи првиот финалист е Славен Белупо и Илија Несторовски речиси сигурно ќе настапи во финалето. Овој тим по пенали славеше над Осијек, па сега ќе има „македонско финале“ во Купот на Хрватска.