Македонските надежи самоуверено, без респект кон никого заминуваат во Полска

by
1 минути читање

Македонската репрезентација до 21 година, денеска со чартер лет патува за Полска каде од 17 јуни ќе го почне историското учество на Европското првенство.

Ѓоко Зајков и Давид Бабунски ветуваа максимум и игра на победа на секој натпревар.

„Максимално сме подготвени и физички и психолошки. Покажавме дека имаме квалитет и во Полска ќе го потврдиме тоа. Не стравуваме од ниту еден противник, размислуваме само на победа и нашата цел е да го освоиме Европското првенство“ – вели самоуверено Ѓоко Зајков.

„Ја познавам селекцијата на Шпанија, на тој натпревар како и на секој друг ќе одиме на победа. Нашата цел е висока, подготвени сме да го дадеме максиумот, а тогаш кога ќе не стаса физичкиот замор, ќе го надополни срцето и некои други сили“ – изјави Давид Бабунски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани