264
Македонската репрезентација до 21 година не успеа да го победи Азербејџан на пријателскиот меч кој се одигра во Анталија.
Македонија беше подобар противник но немаше завршница и не успеа да ја искористи иницијативата.
Македонските надежи постигнаа два гола, но и двата беа поништени.
ВО 31. минута Меличи ја затресе мрежата на противникот, но голот му беше поништен поради прекршок.
Шест минути подоцна и Трајков даде гол, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
Ова беше втор контролен натпревар на момците на Станиќ во Анталија, првиот го загубивме од Белорусија.