Поради ситуацијата со коронавирусот македонските екипи може да извисат од настап во квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа.
УЕФА веќе објави дека во план е натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа оваа сезона да се доиграат во август, а тоа значи дека ќе нема многу простор до стартот на следната сезона.
Поради тоа што ќе нема многу простор од оваа до наредната сезона во европските натпреварувања, УЕФА ќе донесе одлука да ги укине квалификациите или евентуално да има само едно квалификациско коло.
Без разлика која опција и да ја одбере УЕФА, се чини дека нема да има место за македонски екипи поради нискиот рејтинг на клупскиот фудбал.
Но се верува дека УЕФА финансиски ќе ги обесштети екипите кои ќе изборат пласман во квалификациите а нема да играат.