Од Фудбалската Федерација на Македонија информираат дека за учество во клупските натпреварувања во организација на УЕФА за претстојната нова сезона, лиценци добиле шест од вкупно седумте апликанти.
ФФМ го одобри барањето за лиценцирање на Вардар, Пелистер, Работнички, Ренова, Силекс и Шкендија.
Единствено е одбиена Брегалница која и онака не избори излез во Европа, односно се сели во понизок ранг во нашиот фудбалски шампионат.
Според моменталната ситуација на табелата, шампионот Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, вицешампионот Шкендија во квалификациите за Лига Европа, како и третопласираната екипа и победникот на Националниот Куп.
Mоментално Работнички води битка за третото место на табелата со Пелистер кој игра финале во Купот против Шкендија.