Не сме навикнати на успеси на женската фудбалска репрезентација, конечно по осум години и тие не израдуваа откако денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ победија со 4-1 против Казхстан.
Нашите фудбалерки во текот на целата средба ја имаа контролата врз играта, по првото полувреме водеа дури со 3-0, а потоа рутински го сочуваа водството.
Андонова и Рочи дадоа по два гола, погодокот за Казахстан го постигна Масникова.
Македонија настапи во следниот состав: Викторија Панчурова, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Гентјана Рочи (Теодора Димовска) , Романа Трајковска, Улза Максути (Хава Мустафа), Наташа Андонова, Ели Јаковска (Драгана Костовска, Јулија Живиќ , Маја Ангеловска и Александра Ристовска.