250
Македонските фудбалери од денеска ќе бидат во Букурешт, градот кој отсега ќе го паметиме како местото каде нашата репрезентација дебитираше на едно големо фудбалско натпреварување.
Фудбалерите денеска свечено беа испратени на ЕВРО 2020, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им посака успех, а им беше фрлена и вода за среќа.
Утринава стигна и добрата вест дека сите репрезентативци се негативни на ковид-19 од вчерашното последно тестириање пред заминувањето во Букурешт.
Избраниците на Ангеловски од денеска ќе ги почнат и финалните подготовки пред настапот во недела против Австрија.







Фото: ФФМ