628
Македонија утре го почнува настапот во квалификациите за Светското првенство во 2026, а прв противник ни е Лихтенштајн.
Мечот го играме кога во Македонија се денови на жалост за загинатите во ужасната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Цела Македонија е во тага од огромната загуба, а атмосферата не е поразлична ниту меѓу фудбалерите.
На утрешниот натпревар во Вадуц против Лихтенштајн, македонските фудбалери ќе ја носат црната варијанта на дресови како знак на почит за жртвите од големата трагедија.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра од 15 часот.