ЕА Спортс пред извесен период ги објави оценките и
рејтинзите на фудбалерите кои се дел од таа мегапопуларна симулаторска
фудбалска игра, а не е лошо и да ги проследиме оценките на нашите фудбалери кои
се најдоа на ФИФА 18.
Најдобрите оценки кај македонските фудбалери ги имаат
Горан Пандев (Џенова), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Илија Несторовски (Палермо,
Италија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија) кои добија вкупна
оценка од 74, барем според проценката на нивните квалитети која ја направи ЕА
Спортс.
ГОРАН ПАНДЕВ
ЕНИС БАРДИ
ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ
СТЕФАН РИСТОВСКИ
ЕЗГЈАН АЛИОСКИ
АДИС ЈАХОВИЌ
По водечките македонски фудбалери кои добија оценка 74,
следи Езгјан Алиоски (Лидс, Англија), со 72, а солидни оценки доби и Адис
Јаховиќ (Гезтепе, Турција) кој има рејтинг од 71, а по него се најдоа голмани, Столе Димитриевски (Гимнастик, Шпанија), како и швеѓанецот со македонско
потекло, Давид Митов Нилсон (Норчепинг, Шведска) кои добија вкупна оценка од
70.
За жал се уште го нема големиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас од Фенербахче, тој дури во јануари ќе почне со настапи за турскиот гигант, па се надеваме дека во следното „освежување“ на ФИФА 18 и тој ќе се најде на оваа мега популарна видео игра.