Македонските фудбалери до 16 години примија три гола од Русија

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години со убедливи 3-0 загуби од Русија на мечот одигран во Анталија.

Русија ја имаше фаворитската улога на овој меч и тоа го покажа на теренот

Русите уште во првото полувреме обезедија предност од 2-0, а во вториот дел само ја потврдија победата поставувајќи го конечниот резултат од 3-0.

Македонската селекција до 16 години ќе остане во Анталија да одигра уште еденмеч. Противник ќе ни биде селекцијата на Киргистан, а дуелот е закажан за 25 март од 9 часот наутро.

МАКЕДОНИЈА: Лука Грчевски, Стефан Јордановски, Грегоријан Михајловски, Давор Јорданов, Михаил Митревски, Дејан Спасевски, Бленди Љачка, Арда Иљазовски, Фадил Исламовиќ, Сонер Ракипи, Андреј Цветковски;

Резерви: Иван Стоилковски, Цека Ринор, Давид Лиотоски, Божидар Гогачевски, Мелдин Аломеровиќ, Аријан Рамадани, Марко Мирчевски, Горјан Петковски, Лука Георгиевски, Алекса Јазагиќ, Коста Бошковски, Васко Папалиски, Амети Вулнет;

Селектор: Драган Начевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Надежите до 19 години загубија од Албанија

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена со 1-0 од селекцијата на Албанија во вториот контролен меч меѓу овие две селекции кој се одигра во Корча.

Многу борба, трчање, малку шанси и еден гол се случи на втората пресметка меѓу Албанија и Македонија.

Единствениот погодок на мечот го постигна Красниќи во 73. минута, со овој погодок Албанија ја совлада Македонија.

Првиот меч меѓу Албанија У19 и Македонија У19 заврши без голови, 0-0.

Албанија – Македонија 1:0 (0:0)

МАКЕДОНИЈА: Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски;

Резерви: Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани