Македонскиот клуб од Австралија денеска игра во Скопје против Вардар – влезот е бесплатен!

by Стефан
0 минути читање

Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“  екипата на Престон Лајонс од Австралија ќе одигра пријателски натпревар против Вардар.

Австралискиот клуб формиран од Македонци пред неколку ден пристигна во Македонија и тука ќе одигра натпевар и против Пелистер во Битола, а исто така и уште еден во Охрид.

Натпреварот се игра во терминот од 16:00  часот, а за Престон ова ќе биде прв натпревар во Македонија и сигурно дека на него гледаат како повеќе од само спортски дуел бидејќи за првпат играат во земјата на своите корени.

Влезот на стадионот е бесплатен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×