Македонскиот фудбал загуби големо име, почина Благој Истатов

by
1 минути читање

Денеска, на 71
година од својот живот, почина еден од најдобрите голмани во историјата на
македонскиот фудбал, Струмичанецот Благој Истатов.

Освен за
Беласица, Истатов ги бранеше боите и на Победа, Партизан од Србија, и Утрехт од
Холандија, беше дел и од репрезентацијата на поранешна Југославија.

Истатов е
добитник на многубројни признанија и награди, а во 2015. година, од Куќата на
фудбалот при нашата земја му доделија признание за животно дело.

Струмичанецот
имаше спектакуларно простување од фудбалот на 29. ноември 1983. година, кога
повеќе од 10.000 вљубеници во фудбалот беа на стадионот „Младост“ на мечот
помеѓу Беласица и белградски Партизан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×