Македонски репрезентативец се сели во Полска?

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Стефан Деспотовски би можел да ја продолжи кариерата надвор од Србија, откако во јавноста се појавија информации за сериозен интерес од клубови од Полска.

Според медиумите од соседството, неколку полски екипи ја следат ситуацијата околу фудбалерот на ОФК Београд, а целата приказна дополнително се интензивира по трансферот на неговиот клупски соиграч Никола Кнежевиќ. Тој веќе ја официјализираше преселбата во второлигашот Вјечишта Краков, а истиот клуб се споменува како можна следна станица и за Деспотовски.

Македонскиот фудбалер во текот на оваа сезона настапи на 16 натпревари во српската Суперлига, при што беше стандарден дел од тимот на белградскиот клуб. Тој веќе втора година е член на ОФК Београд, каде што се етаблираше како сигурна опција во дефанзивната линија.

Во досегашната кариера Деспотовски има настапувано и за молдавскиот Шериф, како и за македонскиот Работнички, со што зад себе има солидно искуство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×