Екипата каде
настапуваат македонските интернационалци Александар Трајковски и Илија
Несторовски, Палермо веќе испадна од елитната италијанска „Серија А“ лига, се е
јасно на само три кола до крајот на сезоната во овој шампионат, а следен
предизвик за „Сицилијанците“ е дуелот со Џенова на домашен терен.
Како што
пренесуваат италијанските медиуми, македонскиот напаѓач е подготвен да се врати
на терените по кратката пауза откако се здоби со повреда на дуелот со
Фиорентина каде неговиот тим на домашен терен славеше со 2-0.
Од друга страна,
во редовите на Џенова се очекува настап да забележи Горан Пандев, кој во
минатото коло погоди против неговиот поранешен клуб Интер за минимална победа
од 1-0.
Дуелот меѓу Палермо и Џенова е предвиден да се одигра
во недела.