Македонија врза шест победи по ред без примен гол, Димитриевски го зголеми рекордот

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска запиша уште една победа, овојпат триумфираше со 3-0 во Вадуц кај Лихтенштајн во меч од првото коло во квалификациите за СП 2026.

Оваа победа од 3-0 значи и подобрување на рекордот. Момците на Боби Милевски врзаа шест победи по ред без примен гол.

Димитриевски пред денешниот меч имаше рекорд од 531 минута без да прими гол, а кога на таа бројка ќе се додадат и денешните 90 минути, рекордот веќе изнесува 621.

Следниот предизвик за Македонија е во вторник на домашен терен против Велс. Тоа е селекција која е на повисоко ниво од оние шест кои ги совладавме претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани