Македонија во Гент ќе брка уникатен рекорд!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација на Благоја Милевски продолжува да пишува историја и со право се вбројува меѓу најуспешните генерации што ги имал националниот тим.

По низа рекорди и историски резултати во последните години, „црвено-жолтите“ вечерва во Гент ќе се обидат да го продолжат уште еден импресивен рекорд, а тоа ќе биде да постигнат гол на 14. последователен официјален натпревар.

Серијата започна на 17 ноември 2023 година во поразот од Италија (5-2) во Палермо, а оттогаш Македонија реди меч по меч со погодок во официјалните натпреварувања на ФИФА и УЕФА. Веќе 13 пати по ред мрежата на противникот е затресена, што е најдолга низа во историјата на нашата репрезентација.

Претходниот рекорд изнесуваше девет натпревари, остварен во квалификациите за Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×