Македонија утре во Кардиф ќе ја чека полн стадион!

by Стефан
1 минути читање

Македонската репрезентација утре во Кардиф го игра последниот натпревар од квалификациите за Мундијалот, каде што ќе се соочи со Велс на стадион исполнет до последно место.

На арената со капацитет од 33.280 гледачи ќе има и Македонци, бидејќи за нашите навивачи се издвоени околу 700 билети.

Домашниот селектор, Крег Белами, во пресрет на дуелот испрати апел до велшката јавност за максимална поддршка, нагласувајќи дека го чека еден од најзначајните натпревари во неговиот актуелен мандат.

Македонија во мечот влегува како второпласирана селекција во групата, а за да го задржи тоа место ѝ е доволно и реми. Дуелот во Кардиф е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×