Македонските фудбалери до 21 година ги завршија неуспешните квалификации за Европското првенство, денеска со 2-1 загубивме на гостувањето кај Грузија.
Влегоа домаќините како фаворити во натпреварот и беа подобар противник во најголем дел од натпреварот. Македонските фудбалери во првите 45 минтуи не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, додека Грузијците десет пати се заканија.
Иако Грузија повеќе напаѓаше и доминираше на теренот, Македонија од својата прва посериозна прилика преку Фисник Исаки дојде до предност од 1-0.
Водството го задржавме само десет минтуи кога Гордезиани израмни на 1-1. Продолжија нападите на Грузија и по израмнување, па Ломинадзе во 71. минута стрелаше за 2-1.
Македонија овие квалификации ги завршува на четвртата позиција со 12 бодови и зад нас се само аутсајдерите како Молдавија и Грузија, додека пред нас се Шведска, Грузија и Холандија.