Македонија У21 две години без пораз, втора најдолга серија во Европа!

by
1 минути читање

Избраниците на Благоја Милевски играат во фантастична форма и имаат неверојатна серија без пораз. Последниот загубен натпревар беше на стартот на квалификациите 11. јуни 2015 година кога беа поразени на гостувањето кај Исланд. Тоа е низа од 13 официјални натпревари без пораз.

Подобра серија од Македонија има само противникот во нашата група на Европското првенство, Португалија која има фантастични 19 натпревари без пораз.

Пријателски натпревари: 5 победи / 2 нерешени / 0 порази

13. октомври   2014.   Македонија – Романија 2:1

16. ноември   2014.   Македонија – Црна Гора 1:0

30. март   2015.   Словенија – Македонија 1:1

07. септември 2015.   Македонија – Австралија 3:1

01. јуни   2016.   Македонија – Белорусија 1:1

24. март   2017.   Македонија – Црна Гора 2:0

28. март   2017.   Македонија – Бугарија 1:0

Квалификациски натпревари: 6 победи / 3 нерешени / 1 пораз

11. јуни   2015.   Исланд – Македонија 3:0

05. септември 2015.   Македонија – Украина 1:0

13. октомври   2015.   Северна Ирска – Македонија 1:2

15. ноември   2015.   Македонија – Франција 2:2

24. март   2016.   Македонија – Исланд 0:0

28. март   2016.   Франција – Македонија 1:1

27. мај   2016.   Украина – Македонија 0:2

02. септември 2016.   Шкотска Македонија 0:1

06. септември 2016.  Македонија – Северна Ирска 2:0

11. октомври   2016.  Македонија – Шкотска 2:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани