Македонија У19 квалификациите ги заврши зад Летонија и Луксембург

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години денеска одигра 1-1 против Луксембург на турнирот на кој оваа репрезентација беше домаќин.

Македонија рано по само осум минути игра дојде до предност со погодокот на фудбалерот на Работнички Димитар Данев. Предноста на македонските фудбалери беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога Домигнос ја погоди нашата мрежа за 1-1.

Во вториот дел не видовме погодоци, па двете селекции ги поделијата бодовите.

За Македонија овој бод не беше доволен да се избори за елитни квалификации и групата ја завршуваме како последните зад лидерот Словачка (6), Луксембург (4) и Летонија (4).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани