Репрезентацијата на Македонија до 15 години на вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора забележа пораз од 1-0.
Мечот беше решен во 86. минута кога Лазар Радоњиќ успеа да ја затресе мрежата на македонската репрезентација.
Првиот контролен натпревар одигран на 10. март заврши без победник 1-1, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Јован Јанчевски. Двете средби се одиграа на терените на тренинг кампот на ФК Будуќност во Подгорица.
На оваа средба за Македонија настапија: Огнен Божиновски, Ејман Емини (Андреа Блажев 87), Дин Рожајац, Драган Петков (Стефан Стојановски 61), Давор Таневски, Амар Незири, Павел Димоски, Јоан Ѓорѓиевски (Адел Мустафи 46), Дијал Алију (Јован Јанечевскки 46), Гораст Ристовски (Хамза Зубери 87), Џетмир Асани.
Селектор: Горан Станковски