Maкедонските фудбалери вечерва на стадионот во Копенхаген го одработија и официјалниот тренинг каде што утре ќе излеземе на битка против фаворизираната Данска.
Стадионот „Паркен“ е распродаден до последното место, па така избранците на Седлоски ќе ги чека и тоа како тешка задача, меѓутоа ќе имаме и поддршка од околу 1.000 наши навивачи.
Кога е ростерот во прашање, добро е што Седлоски нема проблеми и сите кои се во составот утре ќе бидат на располагање.
Натпреварот е закажан за во терминот од 20:45 часот.