Македонија со водство против Норвешка на полувремето, Алиоски асистираше, Пандев реализираше! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација има минимално водство од 1-0 по првите 45 минути игра
на контролниот меч против Норвешка кој се игра на „Националната Арена Филип
Втори“ во Скопје.

Гостите ја имаа
доминацијата, избраниците на Игор Ангеловски се обидуваа со долги топки
и ја чекаа својата шанса од контра напад да го загрозат противникот, откако тешко
ја пробиваа средината.

Алиоски имаше две шанси
во само три минути откако најнапред во 13. минута убаво се ослободи од својот
чувар по што биеше кон противничкиот гол, но неговиот удар беше блокиран.
Втората шанса дојде по асистенција на Пандев, но Алиоски не успеа да се снајде
во оваа ситуација.

Најзрелата прилика за
гол кај гостинскиот табор ја имаше Одегард во 19. минута, откако Норвежанецот
имаше убава прилика да постигне гол, но неговиот удар на наша среќа заврши само
во дирекот.

На две минути пред
крајот на првиот дел капитенот Пандев донесе предност за нашата селекција по
една фантастична асистенција на Алиоски со надворешна.

Македонија: Димитриевски, Одбрана: Ристевски, Зајков, Велковски, Среден ред: Ристовски, Спировски, Барди, Радески,
Напад: Алиоски, Трајковски и Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани