Фудбалската
репрезентација на Македонија го има најдобриот ранкинг во последните осум
години.
Победите над
Гибралтар и Ерменија во Лига на нации придонесоа „црвено-жолтите“ да продолжат да напредуваат, да забележат скок од две места на новата листа на ФИФА и со 1344 бода се најдат на
68. позиција.
Од нашите ривали
во Групата 4 во Лигата Д, Ерменија се наоѓа на 100. позиција, Лихтенштајн е на
178. позиција, а Гибралтар е на 198. позиција.
Што се однесува на позицијата број 1, за прв
пат откако пред 25 години беше креирана ранг листата на ФИФА, две селекции го
делат врвот. Белгија и Франција се први а зад нив се Бразил, Хрватска, Уругвај,
Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.