Македонија со сегашниот ранкинг ќе биде на дното во Лигата на нации

by
2 минути читање

На почетокот од
годинава, УЕФА го престави новото натпреварување, Лига на нации, кое ќе започне
во 2018.

Европската куќа
верува дека ова натпреварување е идеално решение за безначајните пријателски
натпревари и ќе го подобри квалитетот на репрезентативните дуели.

55 репрезентации
ќе бидат поделни во четири лиги, А-Б-Ц-Д, а во секоја лига ќе има четири групи
со три или четири репрезентации.

За тоа која
репрезентација во која лига ќе биде сместена ќе одлучи УЕФА ранкингот (кој нема
никаква врска со ФИФА ранкингот) кој ќе биде направен во ноември 2017, односно по
крајот на квалификациите за мундијалот во Русија.

Европската куќа
на фудбалот реши денеска да даде прва слика на тоа како би изледувало
натпреварувањето, и ги креираше лигите според мартовскиот ранкинг, во кој се земни предвид и последните натпревари одиграни изминативе седум дена.

Победите над Лихтенштајн и Белорусија не помогнаа многу, Македонија е на
дното, во Лигата Д, зедно со репрезентации како Естонија, Финска,  Белорусија Грузија, Фарски Острови, Летонија,
Казакстан, Молдавија, Луксембург, Лихтенштајн, Косово, Малта, Андора, Сан
Марино и Гибралтар.

Но во целата
ситуација има и добро страна „Црвено-жолтите“ преку Лигата на Нациите можат
полесно да се изборат до место на ЕУРО 2020, со оглед на тоа дека ќе играме со
репрезентации кои горе-долу се со наш квалитет.

За секоја лига е
резервирано едно место, а победниците во групите преку плеј-оф ќе се борат за настап
на Европско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани