Во Скопје деновиве се игра турнир од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство, покрај Македонија учествуваат уште и Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн. Првите две екипи се пласираат во елитната фаза на квалификации за ЕП У19.
Македонија денеска со 2-1 ја победи Швајцарија и направи огромен чекор кон првите две места на табелата.
Швајцарија имаше водство по првото полувреме со голот на Угриниќ во 33. минута. Македонија во 56. преку Трајановски со глава го изедначи резултатот. А пет минути подоцна Јани Атанасов од пенал погоди за комплетен пресврт и победа на нашата репрезентација.
Во првиот денешен меч Белгија со 3-0 ја совлада селекцијата на Лихтенштајн.
Следниот натпревар на Македонија е на 11. ноември против Белгија во 13 часот.