Македонија ќе има нова опрема за пресметката против Данска во баражот за мундијалот во САД, момците на Гоце Седлоски ќе носат дрес на Адидас, а се враќа и жолтата боја.
Македонија во четврток гостува кај Данска во полуфиналето од баражот за Светското првенство, а нашите момци на теренот ќе истрчаат во нова опрема.
Како што брифираа од ФФМ, по истекот на договорот со досегашниот снабдувач ЈАКО (на крајот од 2025 година), избраниците на Гоце Седлоски на теренот ќе истрчаат со дрес на Адидас, а за пресметката во Копенхаген, се враќа и жолтата боја.
„По деценија тишина – повторно во жолто“ – почува објавата на Фудбалската федерација на Македонија.
„Боја што не е само избор, туку чувство“.
„Боја што ја баравте. И ја враќаме – заедно“.
„За плеј-оф битките за Светско првенство, македонската репрезентација ќе настапи во нов дрес“.