Македонија продолжува да тоне на ФИФА ранг листата, и Косово е подобар од нас

by
1 минути читање

Македонија има нов пад на ФИФА ранг листата, нашата репрезентација оди чекор подоле и го достигна најлошиот пласман во историјата, 166. место на табелата.

Сега и селекцијата на Косово е пред нас, за две места погоре тие се на 164. позиција на листата.

Шанса за подобрување на пласманот ќе имаме следниот месец бидејќи на 24. март играме квалификациски дуел со Лихтенштајн.

Од екипите во нашата квалификациска група најдобра е Шпанија на 10. место, Италија е 15., Албанија се наоѓа на 54. позиција, Израел е 56, најслаб е Лихтенштајн на 184. место.

Лидер и понатаму е Аргентина, а во топ десет се уште Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани