Maкедонија поради Трамп може да има полесен пат до Светското првенство?!

by Стефан
1 минути читање

Експанзивната надворешна политика што ја води американскиот претседател Доналд Трамп би можела индиректно да ѝ донесе корист на Македонија во борбата за пласман на Светското првенство, кое наредното лето ќе се одржи во САД.

Како што пренесува италијанската „Газета дело Спорт“, се зголемува бројот на европски држави кои ја разгледуваат можноста за бојкот на Мундијалот, како реакција на затегнатите односи со официјален Вашингтон.

Во овој контекст, за Македонија е особено значајно тоа што протестната иницијатива ја предводи Данска, репрезентација со која нашата селекција треба да се соочи во полуфиналето од баражот. Покрај Данците засега како потенцијални учесници во бојкотот се споменуваат и Шведска и Германија.

Незадоволството во европската јавност, според истите извори, се интензивирало по контроверзните изјави на Трамп поврзани со можноста САД да преземат контрола врз Гренланд.

Доколку Данска навистина донесе одлука да не учествува на Светското првенство, тоа би значело директен пласман на Македонија во финалето од баражот, каде што би го чекале победникот од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Република Ирска и Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×