Клучниот момент се случи во 11. минута кога Јани Атанасов од пенал го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Македонија имаше уште неколку убави шанси за повисока победа, а бугарската селекција јалово се обидуваше да го изедначи резултатот.
Овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар, во четврток со почеток од 11 часот.
МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Христијан Стевковски, 2. Кирил Ристовски, 3. Михаил Маневски, 4. Енис Фазлагиќ, 5. Антонио Митрев, 6. Оливер Стоимановски, 7. Бојан Колевски, 8. Јани Атанасов, 9. Никола Богдановски, 10. Ељиф Елмас, 11. Кристијан Трапановски; Селектор: Вујадин Станојковиќ;
12. Благојче Иванов, 13. Филип Антовски, 14. Христијан Делевски, 15. Бобан Миовски, 16. Филип Стојчевски, 17. Марио Станковски