По трите победи
во низа, избраниците на Ангеловски во четвртото коло од групата „4“ од Лигата „Д“
од Лигата на нации загуби убедливо со 4-0 на гостувањето кај Ерменија, нашиот
најголем тест во ова натпреварување.
Иако се чинеше
дека ќе има поместување во негативна конотација за нашата репрезентација,
сепак, таа остана на 68-то место на ФИФА ранг листата, во најновото рангирање
на истата. Сепак, на 68-то место нашата селекција е на делба заедно со
Зеленортските острови.
Голем напредок од
нашата група бележи Гибралтар кој реализираше две историски победи по ред во
период од само три денови, и тоа против Ерменија и Лихтенштајн, за сега да
бележат скок од осум позиции и да се најдат на 190-то место.
Идниот месец
Македонија гостува кај Лихтенштајн во обид да стигне до победа со која ќе се
задржи на првото место во својата група од Лигата на нации.