Избраниците на
Горан Станиќ по втор пат се поразени со 3-0 во елитните квалификации за ЕВРО
2018. По Р. Ирска во првото коло, вечерва и домаќинот Полска славеше во дуелот
со Македонија, со што „Црвено-жолтите“ ги загубија шансите за пласман на
континенталниот собир.
Но резултатот
можеше да биде многу поразличен доколку не беше една смешна одлука на судијата
Кристоф Пирес во 22. минута при резултат 0-0.
Елези падна во
шеснаесетникот откако беше нагазнат од противникот, а на одбиената топка налета
Новевски кој мајсторски биеше од врвот на шеснаесетникот за водство на
Македонија. Но судијата не само што не го призна голот, реши да не покаже ниту
на белата точка и наместо тоа досуди симулација.
И самите
коментатори на Полсат беа изненадени од одлуката. „Ова е чист
прекршок“ – рече едниот коментатор, а неговиот колега се надворза и додаде: „Доколку не беше досуден пенал, голот мораше да
важи“.
По овој подарок
од судијата, домаќините ги консолидираа редовите, поведоа преку Жук во 30.
минута, а победата ја потврдија во вториот дел со головите на Бида и Ричерт.