3,4K
Македонската фудбалска репрезентација остана на 67. место на најновата ФИФА ранг-листа.
Во март Македонија го победи Лихтенштајн и одигра реми со Велс, но таквите резултати не ја поместија позицијата на Македонија.
Нема промени во првите 10 позиции, Аргентина е лидер, пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.
Следните натпревари на Македонија се дури во јуни, на домашен терен со Белгија и на гостински кај Казахстан.