Македонија два од трите натпревари во групната фаза од Европското првенство ќе ги игра во Букурешт, па ФФМ го обезбеди стадионот на Стеауа за подготовка на фудбалерите.
„Македонија потпиша договор за користење на новиот стадион на Стеауа“, изјави легендата на романскиот фудбал кој сега е координатор на ЕП, Георге Попеску.
Натпреварите во Букурешт од Европското првенство ќе се играат на Националната арена која има капацитет од 55.000 гледачи, се уште е не се знае во колкав капацитет таа ќе може да се користи, се зборува дека УЕФА ќе дозволи 30 проценти, но одлуката доплнително ќе биде донесена.
Македонија на 13. јуни игра против Австрија, а четири дена подоцна во Украина, овие два натпревари ги играме во Букурешт, а на 21. јуни го играме последниот меч од групната фаза против Холандија во Амстердам.