Фудбалската репрезентација на Македонија во рамките на второто коло од квалификациите за Светското првенство ќе го дочека Велс во Скопје.
По победата над Лихтенштајн нашиот национален тим е во серија од седум меча без примен гол, сите добиени. Иако ривалите беа далеку послаби од следниот, атмосферата во репрезентацијата е одлична и формата е на наша страна. Сепак, мора да се нагласи дека Велшаните имаат исклучително квалитетен тим полн со играчи од Премиер лигата, Чемпионшип, како и од француската Лига 1.
Селекторот Благоја Милевски двапати нагласи дека Велс е најсериозен ривал со кој се соочил во досегашниот мандат, иако претходно играше против Италија, Португалија и Англија.
Столе Димитриевски има чиста мрежа на последните шест меча, последен пат прими гол во Торшавн на седми септември, а желбите се да се одбрани голот повторно.
Средбата на Арената „Тодор Проески“ е закажана вечерва во 20:45 часот.