Како што е редот
за секое големо натпреварување, од УЕФА ја пуштија во употреба апликацијата за
„Фантази“, а во изборот за претстојното Европско првенство секако се најдоа и
нашите фудбалери.
Постои голема
бројка натпреварувачи на оваа игра, особено кога станува збор за Премиерлигата,
меѓутоа и повеќе од јасно е дека сега ќе има многу заинтересирани и за
Европското првенство, каде учество ќе земе и нашата репрезентација.
Од тоа што можеме
да го проследиме, Александар Трајковски има највисока цена со 7 милиони од
нашата репрезентација, а по него следат Иван Тричковски, односно капитенот
Горан Пандев со по 6.5.




Од засега
селектираните, Езгјан Алиоски со 4% е најпримамлива опција кај
натпреварувачите, а тоа секако има и една добра причина во позадина, барем за
оние кои се во текот на „Фантази“ по однос на бодирањето, а тоа е фактот што
Алиоски како дефанзивец со доста офанзивни задачи на теренот може да донесе
поголем број бодови.
