Македонија на 68. позиција ја заврши годината

by
0 минути читање

Нема промени за Македонија на новата ФИФА ранг листа, ниту во однос на минатиот месец, ниту во однос на минатата година и овој календарски циклус го завршуваме на 68. позиција.

Косово со кого треба да играме во полуфиналето од Лигата на нации е за 47 позиции послабо рангиран од нас, тие се на 115 место. Но нивната позиција и не е реален показател за квалитетот бидејќи тие како новоформирана селекција почнаа од дното на листата.

Меѓу најдобрите десет селекции нема промени, Белгија е прва, а по неа се Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×