Македонија „летна“ за Кардиф (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите на Македонија денеска отпатуваа за Кардиф каде што во вторник ќе го играме последниот натпревар од квалификаците за Светското првенство против Велс.

Натпреварот ќе се игра во терминот од 20:45 часот, а ние во него влегуваме од второто место со ист број на бодови (13) колку што има и Велс, но со подобра гол разлика, па затоа ни одговара и реми.

Македонија како што е познато веќе има сигурен бараж, меѓутоа второто место носи подобра позиција во мундијалскиот ждреб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×