Македонија има скок од пет места на новата ФИФА ранг листа

by riste
0 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија има напредок на последната ФИФА ранг листа, причина се резултатите на јунските натпревари.

Македонија победи на гостински терен кај Казахстан и ремизираше на домашен терен со фаворитот Белгија. Ваквите резултати ја искачија нашата селекција на 62. место на ФИФА ранг листата.

Аргентина и понатаму е на првото место, Шпанија е втора, во топ 10 следуваат Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.

Добрата серија резултати се очекува да ја продолжиме во септември кога ќе го пречекаме Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×