Македонија и во минатото врзала три победи по ред, но никогаш без примен гол

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација е во одличен моментум, момците на Благоја Милевски со низа победи се пласираа во Б-дивизијата од Лигата на нации, а на добар пат се да изборат и плејоф за пласман на Светското првенство.

Македонија првпат врза три победи во низ без примен гол, ја победивме Ерменија во Скопје со 2-0, славевме на гостувањето кај Летонија со 3-0 и повторно ја добивме Ерменија со 2-0, овојпат во Ереван.

Ова не е првпат Македонија да врзе три победи во низ, тоа претходно се случи во финишот од 2018 и почетокот на 2019. Тогаш го совладавме Лихтенштајн во Вадуц со 2-0, па Гибралтар во Скопје со 4-0 и Летонија на наш терен со 3-1.

Во ноември Македонија ќе ги пречека Летонија и Фарски Острови, а тоа значи дека првпат можеме да направиме низа од четири победи, па и пет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани