Првичниот термин за мечот меѓу Македонија и Косово беше на 26. март, но поради ситуацијата со коронавирусот дуелот беше одложен за 4. јуни. Подоцна УЕФА го избриша и тој термин, па се веруваше дека следниот обид ќе биде во есенските датуми за репрезентативни мечеви, октомври или ноември.
Но, сега потпретседателот на ФИФА, Монтаљани вели дека треба приоритет да им се даде на клупските натпреварувања, а најдобро ќе биде репрезентациите да играат од 2021.
„Сметам дека не е време за репрезентативни мечеви, ризикот е голем, а проблем се и рестрикциите за патување од една во друга земја. Мислам дека националните првенства се приоритет. Најдобро е сите репрезентативни натпревари да се откажат до 2021 година, а потоа да се бараат термини кога да се одиграат. Предвидените термини во септември, октомври и ноември за репрезентации, најдобро е да се искористат за други активности“, вели Монаљани.
Доколку мечот меѓу Македонија и Косово се игра наредната година, поголеми ќе бидат шансите тој да биде со присуство на публика. Ако УЕФА реши тој да се играа во некој поблизок теремин, голема е веројатноста мечот да биде одигран пред празни трибини.