224
Македонија Ѓорче Петров потврди два потписи во еден ден, по еден во нападот и одбраната.
За офанзивниот дел од тимот новајлија е Мирсад Рамиќ. Искусниот босански напаѓач доаѓа од редовите на Игман Коњиќ, а претходно играше за Тузла Сити, Слобода Тузла, ГОШК Габела, Слога Љубуски, Звијезда Градачац, Железничар, Травник, Турбина и Горазде.
Во дефанзицната линија ново име е Алекса Јовановиќ кој доаѓа од српски Графичар. Тој во текот на кариерата играше уште за Бор, Раднички и Инџија.
Со нив двајца бројката на нови имиња кај „лавовите“ летово се искачи на шест бидејќи досега пристигнаа Јанков, Глишиќ, Талаков и Елмас.