Македонија Ѓорче Петров со 1-0 го победи Скопје и повторно се осамостои на врвот во Втората лига откако Башкими одигра само 0-0 против Новаци, а не победи ниту Брегалница која одигра 1-1 на свој терен со Детонит.
Македонија ЃП не беше убедлива против Скопје, но ги освои трите бода со кои сега пак е сам лидер на табелата.
Башкими одигра 0-0 против Новаци, а Брегалница 1-1 со Детонит.
Киксот на Брегалница го искористи Арсими кој со 3-1 го совлада Осогово и сега има ист број на бодови со штипскиот тим, но со подобра гол разлика се качи на третото место.
Борец со 1-0 го совлада Кожуф, победа доживеа непријатен пораз на домашен терен од 1-0 против Вардар Неготино.
Охрид со 2-1 беше подобар од Каменица Саса, а најубедлива денеска беше Беласица која со 4-1 го победи Вардарски.
Резултати 23. коло:
Арсими – Осогово 3-1
Башкими – Новаци 0-0
Беласица – Вардарски 4-1
Борец – Кожуф 2-1
Брегалница – Детонит 1-1
Македонија ЃП – Скопје 1-0
Охрид – Саса 2-1
Победа – Вардар Неготино 0-1
Табела: Македонија ЃП 52, Башкими 50, Арсими 48, Брегалница 48, Охрид 35, Скопје 34, Беласица 34, Детонит 33, Саса 32, Кожуф 31, Новаци 24, Вардар Неготино 24, Победа 23, Осогово 17, Борец 13, Вардарски 8.
Головите од денешното коло (без мечот Борец – Кожуф):